Утрински Весник
Магазин

Ли Јунгџае за темата на „Сквид гејм“: Ова е реалноста за многу луѓе на глобално ниво

Ли Јунгџае за темата на „Сквид гејм“: Ова е реалноста за многу луѓе на глобално ниво
Dik 300x250 mk

Уметноста го имитира реалниот живот до застрашувачки степен и Ли Јунгџае е тажен поради тоа.

dobivaj vesti na viber

Во неодамнешно интервју за „Гардијан“ во врска со неговиот нов филм Hunt („Лов“), Ли Јунгџае – еден од главните протагонисти во мегахитот на „Нетфликс“ од 2021 година, „Сквид гејм“ – соткри дека неговите чувства кон серијата се мошне горки.

„Се разбира, среќен сум поради успехот, но чувството е горко-слатко“, рече Јунг (49).

„Да, одлично е што публиката консумира корејски содржини ширум светот. И тие го ценат тоа.“

„Но, ако размислите за темата на Squid Game – колку далеку сме подготвени да одиме за да акумулираме лично богатство, до каде луѓето се принудени да одат – загрижува фактот што ова одекна кај толку многу луѓе ширум светот.“

„Имате чувство дека ова е реалноста за толку многу луѓе на глобално ниво. И тоа ме прави да се чувствувам многу тажен.“

Во јуни „Нетфликс“ ја најави втората сезона на мрачната корејска драма, негова најпопуларна серија на сите времиња.

Серијата ја раскажува приказната за натпреварувачи кои се во долгови и играат игри од детството за да добијат шанса за суми пари што ќе им го промени животот.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои навидум изгледаат смирено

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година