Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Реновираниот оддел за магнетна резонанца е влог во поефикасен здравствен систем за сите граѓани

(Видео) Ковачевски: Реновираниот оддел за магнетна резонанца е влог во поефикасен здравствен систем за сите граѓани

Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со министерот за здравство Беким Сали, директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов и амбасадорот на Италија во земјата Андреа Силвестри, ја посети Градската општа болница „8-ми Септември“ по повод нов дијагностички центар опремен со нови апарати за томографска магнетна резонанца со што се зголемува дијагностичката точност.

dobivaj vesti na viber

„Ниту во време на најголемата здравственa и економската криза не запревме со вложувањето во квалитетна услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници. Овие два апарати и реновираниот Оддел се уште едно од серијата вложувања во подобар и поефикасен здравствен систем за сите наши граѓани. Болницата „8 Септември“ со двата нови апарати ќе го зголеми капацитетот на снимање за 50%, односно за плус 15 пациенти дневно, што е голема предност за брза, навремена дијагностика на тешко болните пациенти. Апаратите се набавени во рамки на Програмата за рационализација на управувањето и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор, во соработка со амбасадата на Република Италија, за што изразувам посебна благодарност уште еднаш до италијанскиот народ, Република Италија како и до амбасадорот Силвестри за неговата заложба околу целата реализација на овој проект”, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека реформите и инвестициите во здравството се еден од најголемите приоритети на Владата предводена од СДСМ.

„Го вративме достоинството на лекарите во изминатите 5 години основната плата на лекар специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25% и 15% на останатите здравствени соработници. Зголемени се коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници, а некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати во текот на викенд.Вложуваме во медицинска опрема подеднакво застапена во сите региони, досега се набавени најсовремени 7 магнетни резонанци, 7 компјутерски томографии и 3 ангиографии за прецизна дијагностика на пациентите.Направивме посебен сет антикризни мерки за болниците и училиштата. Сега овозможуваме снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија преку продажба од ЕСМ по далеку поповолна цена од пазарните цени”, итакна Ковачевски.

Во КОВИД кризата лекарите и здравствените работници имаа деноноќни битки и не знаеја за одмор и оддишка. Оваа сега е наша битка. Јас како човек и цела Влада деноноќно сме исправени и со сите сили се бориме со предизвиците кои што се пред нас, а моја, и наша обврска е да овозможиме граѓаните да ја пребродат оваа кризата и овој тежок период, изјави Ковачевски.

Можете да прочитате

Лауреат на 11.ИФФ Киненова е добитникот на Сребрената мечка -награда на Големото жири во Берлин, Емин Алпер

Пет активни пожари на отворен простор, шест ставени под контрола

Приведени пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети