Утрински Весник
Магазин

Ријана завладеа на модната ревија на сопствениот бренд

Ријана завладеа на модната ревија на сопствениот бренд

Ријана заблеска среде морничава мистична шума заедно со кралиците на модните писти Ирина Шајк и Кара Делевињ во надреалната ревија на „Севиџ икс Фенти“.

dobivaj vesti na viber

Поп-дивата (34)  приреди надреалистичка гозба за очи со ѕвездена екипа од оскудно облечени ликови во долгоочекуваниот четврти дел од модната ревија на нејзиниот бренд за долна облека.

Таа го отвори настанот на пистата, облечена во син корсет и проѕирни црни панталони додека го привлекуваше вниманието на стебло на паднато дрво во шума обвиена со мистична виолетова магла.

Рускиот супермодел Ирина Шајк, главниот човек на „Марвел“, Симу Лиу, и британската убавица Кара Делевињ беа само некои од познатите лица што презентираа парчиња од најновата колекција на брендот за долна облека во сопственост на Ријана.

Наместо традиционална модна писта, манекенките се пробиваа низ теренот покриен со лисја и мов, додека група танчери настапуваше околу нив.

По победата во правната битка за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд, холивудскиот актер Џони Деп го направи очекуваното појавување.

Впечатливиот 40-минутен спектакл беше дополнет со музички настапи на бразилската поп-пејачка Анита и раперот Дон Толивер.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста