Утрински Весник
Македонија

„Жан Митрев“ : Во клиниката никогаш не се правело клиничко испитување, очекуваме надлежните да го потврдат истото

„Жан Митрев“ : Во клиниката никогаш не се правело клиничко испитување, очекуваме надлежните да го потврдат истото
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од Клиниката Жан Митрев информираат дека решението на Малмед за прекршочна пријава е поништено од страна на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка. Оттаму се жалат дека и покрај тоа што процесот продолжува до конечна одлука, денеска без никаква официјална најава во просториите на Клиничката болница се појавиле инспектори од Малмед со цел да извршат вонреден инспекциски надзор.

dobivaj vesti na viber

„Постапувајќи спротивно на насоките на Државната комисија, односно имајќи предвид дека првото решение е поништено и се чека второстепена одлука, инспекторите од Малмед спротивно на таквите насоки (Документ во прилог), денеска тенденциозно настапија во присуство на овластените лица од клиниката со став и тврдење дека станува збор за клиничко испитување и дека клиниката треба да достави докази за истите.

Ваквото однесување е во спротивност со сите стандарди и правила на совесно и професионално постапување, односно инспекторите дојдоа со предубедување дека во клиниката е вршено клиничко испитување без воопшто да се обидат да прибават докази со кои ќе ги потврдат таквите факти.

Ваквото постапување на инспекторите од Малмед е невидено досега во професионалната кариера на присутните овластени лица (адвокати) и спротивно на основните начела на инспекциската постапка. Клиниката како и до сега останува отворена за соработка со сите институции се со цел транспарентно да се утврди вистината“, велат од клиниката.

Можете да прочитате

„Силјан” конечно „слетува” на црвен тепих во Скопје

 Сиљановска-Давкова разговараше со македонските мировници: Не е случајна огромната доверба на граѓаните во Армијата

Деспотовски не ја негираше соработката со ВМРО и повторно ја нападна СДСМ