Утрински Весник
Спорт

„Л’Екип“ открива: Садио Мане дефинитивно нема да игра на СП во Катар

„Л’Екип“ открива: Садио Мане дефинитивно нема да игра на СП во Катар

Најдобриот фудбалер на Африка, Садио Мане, ќе го пропушти Светското првенство во Катар, тврди влијателниот француски медиум, „Л’Екип“. Репрезентативецот на Сенегал се повреди вчера на натпреварот од Бундес лигата во кој Баерн Минхен победи против Вердер Бремен со 6:1.

dobivaj vesti na viber

Мане по само петнаесетина минути се пожали на повреда и побара замена од тренерот Нагелсман.

Сенегалците се надеваа дека Садио Мане ќе може да закрепне, но „Л’Екип“ објави информација дека Мане има повреда на тетивата поради која ќе мора да го пропушти Светското првенство.

Можете да прочитате

Македонските фудбалери против Турција во Истанбул на 1 јуни

Вардар со победа во Струга стави печат на шампионската титула

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија