Утрински Весник
Свет

Важен договор меѓу САД и Русија

Важен договор меѓу САД и Русија

Русија и САД разговараат за одржување разговори за стратешко нуклеарно оружје за првпат откако Москва испрати војници во Украина, објави рускиот весник „Комерсант“, а информацијата подоцна ја потврди и Стејт департментот.

dobivaj vesti na viber

Разговорите за стратешка стабилност меѓу двете страни се замрзнати откако Русија ја започна својата воена кампања во Украина на 24 февруари, иако новиот договор за намалување на нуклеарното оружје останува во сила.

Разговорите би можеле да се одржат на Блискиот Исток, пишува весникот, додавајќи дека Москва повеќе не ја гледа Швајцарија, традиционалното место на одржување, како доволно неутрална откако воведе санкции кон Русија поради Украина.

„ Се договоривме билатералната комисија да се состане во блиска иднина како дел од договорот за нов почеток“, изјави портпаролот Нед Прајс за новинарите, додавајќи дека работата на комисијата е доверлива, но дека Американците се надеваат на конструктивен разговор.

„ Важно е да продолжиме да разговараме со Русите за намалување на ризикот и покрај војната во Украина“.

Договорот за „Новиот почеток“ е последниот билатерален договор меѓу двете светски сили, но Русија на почетокот на август објави дека ги откажува американските инспекции на руските воени локации.

Според договорот, кој беше потпишан во 2010 година, Москва и Вашингтон имаа право да извршат околу 20 меѓусебни инспекции.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата