Утрински Весник
Македонија

МОН доделува грантови на основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата

МОН доделува грантови на основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата

Министерството за образование и наука објави јавен повик за доделување  грантови за основните и јавните средни училишта кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.

dobivaj vesti na viber

Грантови се во висина до 30.000,00 денари и ќе бидат доделени на вкупно 95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми.

„Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици. Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училиштен амбиент.

Аплицирањето трае до 9.12.2022 година, а пријавувањето може да се направи на следниот линк.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски