Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски – Агелер: Потврда на стратешкото партнерство со САД и силна поддршка за евроинтеграциите

(Видео) Ковачевски – Агелер: Потврда на стратешкото партнерство со САД и силна поддршка за евроинтеграциите

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со новата амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.

dobivaj vesti na viber

На состанокот е потврдено значајното стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, со јасна порака дека во САД имаме искрен партнер и пријател. Изразена е силна поддршка за евроинтеграциите на Република Северна Македонија, со коишто обезбедуваат подобар живот за граѓаните во својата држава.

Во таа насока, разговарано е за значењето на натамошниот напредок на евроинтеграцискиот процес. Исто така, посочено е и на важноста од регионалниот развој, преку добрососедската соработка, посебно за економијата, каков што пример е соработката на државите во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата, јасна и видлива поддршка што ја има нашата држава од Соединетите Американски Држави.

„ Република Северна Македонија е партнер од доверба во НАТО, а веруваме дека натамошната поддршка од САД за сите важни процеси ќе продолжи и ќе се интензивира“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски посочи дека Владата посветено работи да обезбеди европска иднина на граѓаните и на државата, но е и цврсто фокусирана кон справувањето со последиците од економската и енергетската криза, дека во рамки на најновиот сет антикризни мерки се обезбедува поддршка за најранливите категории граѓани, како и дека енергетската криза се менаџира преку државна поддршка за граѓаните и компаниите.

На состанокот е разговарано и за определбите на Владата за владеење на право и справувањето со корупцијата како важни за граѓаните, но и за компаниите, во контекст на определбите на инвеститорите да вложуваат во држави каде што има правна сигурност.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика