Утрински Весник
Македонија

Димитриевски положи венец на Ѕидот на смртта во концентрациониот логор Аушвиц

Димитриевски положи венец на Ѕидот на смртта во концентрациониот логор Аушвиц
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски како претставник од Македонија положи венец на Ѕидот на смртта во концентрациониот логор Аушвиц каде биле депортирани Евреите за време на Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

„ Чест ми е што како претставник од Македонија и во име на општина Куманово положив венец на Ѕидот на смртта во концентрациониот логор Аушвиц, на покана на Европската еврејска асоцијација. На церемонијата, присуствуваат и претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, секретарот на Националното собрание на Франција пратеничката Каролин Јанвиер, претседателот на Парламентот на Република Чешка Маркета Пекарова, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, како и други членови на парламенти од 23 европски земји. Концентрациониот логор Аушвиц, каде биле депортирани Евреите за време на Втората светска војна е сведоштво за најсуровото злосторство во историјата на човештвото. Наша мисија е да не дозволиме никогаш повеќе да се случи такво зло на ниту еден човек, припадник на која било религија или нација“, истакнува Димитриевски.

Овогодинешниот симпозиум, се осврнува на потребата за образование за холокаустот како важен приоритет, но исто така ги разгледува и прашањата за заштита на иднината на еврејските заедници.

Можете да прочитате

Студентски средби Скомрахи на Факултетот за драмски уметности

Од петок (7 ноември) доаѓа нов бран на обилни врнежи и засилен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди