Утрински Весник
Македонија

Град Скопје бара оставка од Трајко Славевски по хаосот во Советот

Град Скопје бара оставка од Трајко Славевски по хаосот во Советот

Жалиме што скопската јавност уште еднаш беше сведок на самоволието, некултурата и немањето на доволен демократски капацитет на претседавачот на Советот на град Скопје Трајко Славевски, реагира Град Скопје по расправијата на Славевски со градоначалничката Данела Арсовска поради микрофонот.

dobivaj vesti na viber

„Во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на човек кој нема основни морални и етички прерогативи. Невидено и недозволено е 45 советници, претставници на скопјани, да бидат заложници на копчето на Трајко Славевски, кој денес ја одложи седницата за советнички прашања бидејќи наводно му била одземена можноста да исклучува говорници кога не му се допаѓа нивниот говор“, велат од Град Скопје.

Како што додаваат, скопјани не се должни на сопствена штета да трпат последици поради хировите на еден човек кој има една, единствена и основа задача – воведување на едноумие по примерот на неговиот политички ментор – Христијан Мицкоски.

„Од сечија корист би било Трајко Славевски да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата, со цел да се спречи блокирањето на функционирањето на градот и претпријатијата на градот Скопје, смислената хајка поради политичката нетрпеливост и поради потребите на ПР-тимот на Христијан Мицкоски. Недозволиво е, граѓаните на градот Скопје поради потребите на оваа политичка групација која институционално, но и вонинституционално прави сè да прикаже ‘неспособност’ на градската администрација, тоа да го прави на штета на скопјани“, велат од Градот.

Против претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, истакнаа дека е поднесена итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа поради тешки прекршувања на Уставот во член 16. Законот за локална самоуправа во член 48. и Деловникот град Скопје во член 57.

Град Скопје апелира министерството и инспекторатот веднаш да ја разгледаат претставката и соодветно да реагираат во корист на скопјани.

Можете да прочитате

Советот на Европа бележи раст на пренатрупаноста во европските затвори: Македонија со „умерена пренатрупаност“ 

СДСМ денеска ќе објави нови кандидати за градоначалници, Трајковски за Кисела Вода, Костадинов за нов мандат во Валандово

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведе до колапс системот за водоснабдување – цената ја плаќаат децата од болницата „Козле”