Утрински Весник
Свет

Путин: Во специјалната операција мобилизирани 80 илјади

Путин: Златната милијарда на планетата живее на туѓа сметка

Во зоната за специјални воени операции во Украина има приближно 80.000 мобилизирани, од кои речиси 50.000 учествуваат во борбени операции, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со гувернерот Игор Руденија за време на посетата на регионот Твер.

dobivaj vesti na viber

„Сега имаме речиси 50.000 во борбените единици, но другите сѐ уште не учествуваат во борбените операции. Приближно 80.000 мобилизирани се распоредени во зоната на специјални воени операции во Украина, а другите се на полигони за обука“, рече Путин, според агенцијата „Интерфакс“.

Претходно, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, потврди дека околу 300.000 лица се повикани како дел од мерките за делумна мобилизација, кои завршија на 29 октомври.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови