Утрински Весник
Спорт

Ракометарките убедливо поразени и од Холандија

Ракометарките убедливо поразени и од Холандија

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа и втор убедлив пораз на Европското првенство. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски загубија од Холандија со 15:30 откако претходно беа поразени и од Франција.

dobivaj vesti na viber

На почетокот Холандија ја покажа силата и поведе со 6:1, а до крајот на првиот дел обезбеди осум гола позитива (9:17).

Првата половина од вториот дел беше можеби и најдобриот период за Македонија на овој меч, добро парира, но потоа следуваше еден огромен период без постигнат гол. Холандија тоа го искористи за да ја набилда разликата и обезбеди убедлив триумф.

Смитс беше најефикасна во селекцијата на Холандија со седум постигнати гола, а Сара Ристовска постигна четири во нашиот национален тим.

Можете да прочитате

Убедлив старт на Македонија: Грозданова и соиграчките со нови три бода

ФФМ се разделува со Благоја Милевски, Седлоски најсериозен кандидат

Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска