Утрински Весник
Свет

Полски конзервативец: Причина за нискиот наталитет е тоа што жените пијат

Полски конзервативец: Причина за нискиот наталитет е тоа што жените пијат

Гневот на полската јавност го предизвика изјавата на Јарослав Качински, шефот на владејачката партија Право и правда (ПиС), дека причина за нискиот наталитет е тоа што жените пијат, пишува агенцијата ДПА.

dobivaj vesti na viber

Левата опозиција најави дека в понеделник ќе поднесе официјална жалба до етичката комисија на Собранието.

Просечната стапка на наталитет во Полска во 2020 година беше 1,4 дете на жена. Во Германија е 1,5, а во Франција 1,8. „Доколку девојките, младите жени, пијат како своите машки врсници до 25-годишна возраст, тогаш нема да има повеќе деца“, вели 73-годишниот политичар, пренесе агенцијата ПАП.

Качински исто така тврди дека за да се сметаат алкохоличари, мажите може да пијат прекумерно 20 години, а жените само две години. Левичарскиот политичар Роберт Бидрон ги нарече тие изјави срамни.

Сопругата на полската фудбалска ѕвезда Роберт Левандовски, Ана Левандовска, на „Фејсбук“ му одговори: „Доста е! Ме лути кога гледам како политичарите неосновано ги обвинуваат жените наместо да решаваат вистински проблеми“. Фитнес-тренерката Ева Чодаковска, една од најпознатите инфлуенсери во Полска, рече дека тоа е врвот на омразата кон жените, пренесе „Индекс.хр“.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот