Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ахмети: Приоритет се уставните измени

Ахмети: Приоритет се уставните измени
300x250 opst2

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е задоволен од конструктивноста на лидерите по средбата во Собранието.

dobivaj vesti na viber

„Разлики имаше, но беше конструктивна. Се надевам дека ќе продолжиме со овие средби за да се гради заедничка стратегија за да ја промениме денешницата. Доминираа рационалноста и смиреноста, сакам тоа да продолжи за да се надминат разликите. Упатив апел да се вратиме на разумот. Ако не се отворат прашања од минатото, ќе нѐ спречат да одиме кон иднината. Ние сме тие што бараме членство во ЕУ. Приоритет се даде на уставните измени“, рече Ахмети по лидерската средба во Собранието, што ја иницира премиерот Ковачевски, а ја прифатија речиси сите политички партии.

На лидерската се дискутира за европската иднина на Македонија и за потребата од политички и општествен консензус за уставни промени, кои се услов за преговорите со ЕУ.

На средбата присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, како и сите лидери на помалите политички партии, освен лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и претседателот на Движењето Беса.

Можете да прочитате

Лукароска: Прилепчани нема лесно да ја заборават четиригодишната агонија во режија на Јовчески и Проданоски

Филипче од Гевгелија: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру