Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Мишел Вилијамс елегантна на настан во Лос Анџелес

Мишел Вилијамс елегантна на настан во Лос Анџелес
Img 7972

Мишел Вилијамс изгледа елегантно на премиерата на The Fabelmans („Фабелманови“) во Лос Анџелес во неделата, нејзино прво појавување на црвен тепих по раѓањето на третото дете.

dobivaj vesti na viber

42-годишната актерка на себе има долг црн фустан со отворени рамена.

 

 

Двократната добитничка на „Златен глобус“ изгледот го дополни со огромен златен ѓердан со дијаманти.

Иако досега нема споделено никакви детали за новороденчето, таблоидите објавија дека таа и сопругот Томас Кејл добиле син минатиот месец. Последен пат беа видени во средината на септември. На фотографиите од папараците Мишел имаше голем труднички стомак.

„Фабелманови“, драма во режија на Стивен Спилберг, со Мишел Вилијамс и Пол Дано во главните улоги, се фокусира на животот на самиот режисер.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?