Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Отворен првиот руски полигон за беспилотни летала

Отворен првиот руски полигон за беспилотни летала
Img 7972

На територијата на аеродромот Орловка, започна со работа првиот руски полигон за тестирање на беспилотни воздушни системи.

dobivaj vesti na viber

Според руските медиуми, развивачите на беспилотни летала на лице место можат да спроведат секакви тестови за летање, од технолошки демонстрации до летови за сертификација.

Проектот „BAS Polygon“ се состои од дигитална платформа и центар за тестирање на летови. Во рамките на новиот комплекс може да се тестираат беспилотни летала кои се уште се во развој, како и контролни системи и опрема.

Полигонот е опремен со различни инструменти за мерење на траекторијата на летот, метеоролошка опрема, системи за планирање и спроведување експерименти, пренесува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Платформата на Националната технолошка иницијатива.

Покрај тоа, на полигонот има лабораторија која го следи дронот за време на летот, ја снима неговата состојба и моменталните временски услови.

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства