Утрински Весник
Спорт

Џеко не им остана должен на навивачите на „старата дама“

Џеко не им остана должен на навивачите на „старата дама“

Јувентус го победи Интер со 2:0 во 13. коло од Серија А со головите на Адриен Рабио во 52. и Николо Фаџоли во 82. минута. Дербито на Италија особено беше тешко за напаѓачот на Интер, Един Џеко.

dobivaj vesti na viber

Џеко имаше многу проблеми со директниот чувар Бремер и со навивачите на „старата дама“. Во најголем дел од натпреварот добиваше навреди од трибините.

„Циган, циган“, викаа дел од навивачите, поради што Јувентус ќе биде казнет.

На социјалните мрежи кружи видео каде се слуша, а Џеко не им останал должен. На едно видео се гледа како Џеко се врти кон нив и се фаќа за меѓуножјето, што дополнително ги налути домашните навивачи.

Можете да прочитате

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка