Утрински Весник
Македонија

Се гласа за наследник на Русковска

Се гласа за наследник на Русковска

Раководителот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов, е меѓу првите кои го даде својот глас на изборот за нов шеф. На ливчето има четири кандидати, а зад параванот може да се избере помеѓу досегашната шефица Вилма Русковска која бара нов мандат, Деса Пауновска од Вишото јавно обвинителство-Гостивар, скопскиот обвинител Ермон Незири и обвинителот од Гостивар, Ислам Абази за кого јавноста се уште не знае како изгледа, а со тоа и дел од обвинителите кои денеска гласаат. До 09 часот гласале околу дваесетина обвинители.

dobivaj vesti na viber

„Има пет изборни единици. Ова не е нешто ново за обвинителите, вака се бираат совети на советот. Ова е 15 годишна традиција, а првпат се бира шеф на едно обвинителство. Денеска во скопското вишо обвинителство гласаат 91 обвинител од 163 обвинители. Процесот оди одлично. Ова се сигурно посериозно во однос на легитимитетот кој ќе го има, а тој одговара пред сите обвинители. Сите ќе видиме што ќе остави овој избор“, рече Јован Цветановски, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје, како и претседател на изборната комисија на гласачкото место во Вишото јавно обвинителство.

Кандидатите за шефови имаа соочување на дебата во „А1он“. Се појавија Вилма Русковска, Деса Пауновска и Ермон Незири. Ислам Абази кој моментално е шеф на Вишото обвинителство-Гостивар избега од дебата. Во јавноста се шпекулира дека тој е кадар на ДУИ. Абази се правдаше отсуствува од дебатата поради обврски, па откако оставивме простор сам да избере термин, тој престана да одговара на повиците и пораките. Дел од обвинителите, но и јавноста и медиумите не знаат ниту како изгледа овој обвинител, кој претендира да биде на чело на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Од останатите кандидати, Русковска во дебатата на „А1он“ кажа дека кога постапувала по предмети и кажале да пази што прави за да не заврши како Катица Јанева.

Очекува победа, а сигурна е 102,5%. Во дебатата, Русковска посочи: „Опозицијата не ме запишува, а позицијата ме отпиша“.

Со програма на осум страници и петнаесетгодишно искуство обвинителот Ермон Незири од Скопското јавно обвинителство денес ќе бара доверба од колегите за шефовското место во Обвинителството за организиран криминал.

„Повторно излегоа на површина две тези: туристичка агенција и персонализација на Обвинителство. Барем јас така разбрав. Тоа е спротивно на тоа што јас планирам да го направам. Не може Обвинителството да се врзе со Ермон Незири. Таму има 15 обвинители кои самостојно одлучуваат, за тоа земаат плата, искусни обвинители “, рече Незири, а прашан кој ги разочарал младите обвинители, тој кажа: „Тоа секој си го сфаќа субјективно“.

Вишата обвинителка од Гостивар, Деса Пауновска која е во трката за шефовското место во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, смета дека тимот таму е составен од исклучително добри, но и исклучително лоши обвинители. Таа во дебатата на „А1он“ посочи дека и Русковска како актуелна шефица знае дека: „таму има обвинители кои навистина многу работат и имаат многу тешки предмети и обвинители кои не се дораснати, не сакаат, немаат желба да работат“ и порача: „Тој начин мора да се промени“.

Околу 160 од обвинителите од целата држава денеска за првпат ќе го изберат новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

 

Можете да прочитате

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ