Актерката Софија Вергара сподели фотографија со својата внука Клаудија, која неверојатно личи на неа.
„Деловното патување ни дојде како мал одмор“, напиша таа во описот на објавата на „Инстаграм“.
Фановите со неверување: „Како близначки!“
„Две Софии?“, „Близначки“, „Идентични сте“, „Преубави сте“, „Невозможно е толку многу да личите“, „Најдобра фотографија“, се само дел од коментарите на воодушевените фанови.
Поради сличноста со познатата актерка, 30-годишната Клаудија стана многу популарна на социјалните мрежи. Софија често ја нарекува ‘mini me’ („мини јас“).
Клаудија е ќерка на постариот брат на Софија, Рафаел, кој беше убиен пред 20 години.
Софија Вергара неколку години по ред беше на врвот на листата на „Форбс“ за најплатена актерка во светот. Атрактивната Колумбијка заработувала 500.000 долари по епизода во „Модерно семејство“, претркувајќи ги телевизиските актерки во годината кога киносалите западнаа во криза во екот на пандемијата.
„Модерно семејство“, една од најпопуларните американски хумористични серии, се прости од гледачите на почетокот на 2020 година по повеќе од 250 епизоди за 11 сезони. Еден од омилените ситкоми на 2000-те стана хит веднаш откако почна да се емитува во 2009 година.
Вергара сега е член на жирито во ТВ-шоуто „Америка има талент“.