Утрински Весник
Свет

Курти: Не сум против Србите, Белград е против мене

Курти: Не сум против Србите, Белград е против мене

За одлуката на Србите на Косово да ги напуштат институциите во Приштина, премиерот Албин Курти оцени дека овој потег нема врска со протестот поради спроведувањето на мерките за пререгистрација на возилата.

dobivaj vesti na viber

Тој на Фејсбук објави дека од 1 ноември досега се изречени 843 опомени, што е прва мерка и додаде дека немало инциденти или поплаки.

Како што тврди Курти, неодамнешните тензии на северот на Косово не се поврзани со отпорот на казните како дел од пререгистрацијата, чие спроведување Приштина го најави од 21 ноември.

„Претставниците на Српската листа пред една недела најавија дека ќе организираат жесток отпор против казните. Сепак, не го чекаа 21 ноември: Белград започна закани и подготовки за дестабилизација на Косово. Значи, нешто друго е во прашање“, пишува Курти.

Тој, според „Коха“ ги повикува сите Срби на Косово да го одржуваат мирот и безбедноста и да не ги напуштаат институциите во Приштина.

„Јас не сум премиер против вас, но Белград е против мене“, вели Курти, а пренесува Коха.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина