Утрински Весник
Спорт

Савевски: Се надевам дека ќе одговориме на предизвикот

Савевски: Се надевам дека ќе одговориме на предизвикот

Женската ракометна репрезентација на Македонија е подготвена за предизвикот на Европското првенство кое стартува денес, а нашата земја е еден од организаторите. На стартот македонските ракометарки ќе играат против Франција, еден од фаворитите за највисок пласман на шампионатот.

dobivaj vesti na viber

Селекторот Љубомир Савевски вели дека Македонија ќе се труди да им парира на сите ривали.

„Франција и Холандија се големи фаворити и сите останати шансата ја гледаат против другите селекции. Оттаму, шансата ќе биде против Романија, иако мора да напоменам дека ги гледав против Германија и воопшто не се „слаби“. Задоволен сум од младите ракометарки и напредокот на селекцијата. Ова е тим што го градиме за подолг период и верувам дека ќе продолжи да расте“, изјави селекторот Љубомир Савевски.

Репрезентативното крило Јована Саздовска го открива оптимизмот кај ракометарките дека може да се забележи една победа во групата.

„Ги знаеме ривалите, Франција, Холандија и Романија се во врвот на европскиот ракомет. Има позитивна трема, затоа што нè очекуваат натпревари со големи противници. Но, сите се надеваме дека добро ќе се носиме со предизвикот. Би сакале да имаме поддршка од полни трибини, тоа би бил голем мотив за нас“, истакна Саздовска.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија