Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца дилери во Битола

Приведени двајца дилери во Битола

На 03.11.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Д.(30) и Ш.К.(37), двајцата од Битола.

dobivaj vesti na viber

При претрес во домот на А.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и банкноти во различни апоени.

Исто така, при претрес во домот Ш.К. извршен со судска наредба, бил пронајден и одземени хероин, дигитална вага и предмети со остатоци од хероин.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Водно без вода – жители во очај и гнев: „Рестрикции, а 40 степени надвор!“

Вечерва избувна голем пожар и кај Македонски Брод, за сега никој не интервенира

Кукуновски за 24 Инфо: Граѓаните од Чучер Сандево сами го спасија манастирот од пожарот