Утрински Весник
Економија

Ројтерс: Земјите од Г7 се согласија да ги ограничуваат цените на руската нафта

Ројтерс: Земјите од Г7 се согласија да ги ограничуваат цените на руската нафта

Групата земји Г7 и Австралија се согласија да одредат фиксна цена за руската нафта подоцна овој месец, наместо да усвојат променлива стапка, изјавија извори за Ројтерс доцна во четвртокот.

dobivaj vesti na viber

Претставници на САД и Г7 водеа интензивни разговори во последните недели за невиден план за ограничување на цената на нафтата што се испорачува по море. Планот треба да стапи на сила на 5 декември, за да се осигура дека санкциите на ЕУ и САД, кои имаат за цел да ја ограничат способноста на Русија да ја финансира својата инвазија на Украина, нема да го задушат глобалниот пазар на нафта.

„Коалицијата на земји се согласи дека горната цена ќе биде фиксна цена која редовно ќе се разгледува“, изјави извор од Г7. „Тоа ќе ја зголеми стабилноста на пазарот“, додаде тој.

Точната цена сè уште не е одредена, но треба да биде одредена во наредните недели, велат повеќе извори.

Можете да прочитате

Најмладиот милионер во Македонија има само четири години, најстариот 97

Најмладиот милионер во државата е четиригодишно дете, а највозрасниот 97-годишен пензионер 

Иднината на рударството ќе се решава во оваа деценија – бакарот во фокусот на три сценарија до 2050 година