Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Османи да им се извини на Македонците за болката што им ја нанесе со начинот на кој го води процесот со Бугарија

Мицкоски: Османи да им се извини на Македонците за болката што им ја нанесе со начинот на кој го води процесот со Бугарија

„Министерот за надворешни работи треба да води сметка дека тој ја добива својата месечна плата и овој, би рекол, луксузен живот што го води е од граѓаните во Македонија. И треба да ги штити интересите на граѓаните во Македонија, а не да ги штити интересите на граѓаните во случајот на соседна Бугарија. И мислам дека треба малку поодговорно да се однесува кон чувствата на граѓаните на Македонија, тука, пред сè, мислам на чувствата на Македонците“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски додаде дека министерот Османи треба да им се извини на своите сограѓани Македонци за болката што им ја нанесе со неговото министерување и со начинот на кој го води овој процес со источниот сосед.

„И мислам дека ваквите изјави не само што не одат во прилог на релаксирање на и онака поларизираната состојба, а поларизирана е поради однесувањето на Владата и потпишувањето на оние егзибионистички калкулантски договори со кои ние како Македонци губиме сè, а бугарската држава добива сè тоа што го бара. И затоа мислам дека во периодот што следува, единственото нешто што нему му преостанува е, пред сè, да им се извини на своите сограѓани Македонци за болката што им ја нанесе со неговото министерување и со начинот на кој го води овој процес со нашиот источен сосед. И да им даде поддршка на Македонците од таа страна на границата во насока на тоа тие културно да се организираат и да може да ги остваруваат своите права“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и санкции за сторителите

Од утре нов раст на температурите

Tошковски: Лага е дека нападот врз Арсовска се случувал пред полицијата