Утрински Весник
Македонија

Ковачевски пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин

Ковачевски пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, заедно со шефовите на Владите од земјите од Западен Балкан, како и високи претставници на Влади од земјите на ЕУ и Обединетото Кралство, денеска присуствуваа на официјалното започнување на Самитот за Берлински процес.

dobivaj vesti na viber

Пред почетокот на Самитот кој се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, Ковачевски беше пречекан од германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Првиот Самит за Западен Балкан се одржа исто така во Берлин во 2014 година, а целта на годинешниот Самит е да се интензивира соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан.

Лидерите од Западен Балкан заедно со претставниците на Владите од земјите од ЕУ, Обединетото Кралство и претставници на Европската комисија ќе имаат можност да дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозициска клупа нуди уставни измени, ни недела од новата влада, а веќе коленичи пред Радев

СДСМ: По ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ

Среде месец мај ни се враќа зимата?