Утрински Весник
Магазин

Куче влегува во автобус и оди кај својата сопственичка на работа

Куче влегува во автобус и оди кај својата сопственичка на работа

Кучето Денвер од Еквадор знае да го користи јавниот превоз и тоа со добра причина.

dobivaj vesti na viber

Откако неговата сопственичка Гледис Шигла го удоми минатата година, тој стана уште похрабар и поавантурист. Иако на почетокот само го истражувал соседството, со текот на времето дознал за светот надвор и како да стигне таму.

Првин почнал да следи сосед кој се упатил кон автобуската станица. Кога дошол автобусот, а соседот се качил, истото тоа го направил и Денвер. Случајно автобусот застанал пред продавницата за миленичиња, каде што работи неговата сопственичка, па кучето се симнало таму да ја поздрави.

Неколку дена подоцна, возејќи се сам, го направил истото тоа со цел да ја изненади Гледис. Сега тоа му стана рутина.

Можете да прочитате

Пратеникот Сергеј Попов вечерва стапи во брак со Моника!

Фестивали.мк: oд 25 до 27 јуни бидете во Охрид на вино и музика

Аријана Гранде бара од Белата куќа да не се користи нејзина песна во антиимигрантско видео