Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за тргање „20%“ од Уставот: Да не создаваме нови поделби кои никому не му одат во прилог

Мицкоски за тргање „20%“ од Уставот: Да не создаваме нови поделби кои никому не му одат во прилог

Би се вратил на суштината, а суштината е дека и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Бошњаците и Ромите лошо живеат, тешко живеат. Да се фокусираме на тие проблеми, да ги решаваме проблемите на граѓаните. Да не создаваме нови поделби и да не создаваме нова поларизација која што никому не му оди во прилог“, ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој одговори на новинарско прашање во врска со барањето на албанските партии за тргање на формулацијата „20%“ од Уставот.

dobivaj vesti na viber

Појасни дека во оваа насока пострашно беше дообјаснувањето на некои претставници на албанските партии кои спомнуваат дводомен парламент, нешто што според него е многу погрешен чекор и го нарушува унитарниот карактер на Македонија.

„Пострашно беше тоа што го кажаа како дообјаснување претставниците и лидерите на албанските партии а тоа е формирање на дводомен парламент што би значело де факто и де јуре федерализација и мислам дека тоа е многу погрешен потег и нарушување на унитарниот карактер на Македонија, бидејќи мислам дека ниту на Европа ниту на светот не му е потребно уште една Босна на Балканот и уште нефункционална држава. Една веќе имаме таква, тоа е Босна и не му е потребно да биде и Македонија. Ние сме против и рековме тогаш дека тоа е црвената линија за која што сме подготвени да ја браниме со сите средства и алатки кои што ни стојат на располагање како политичка партија“, истакна Мицкоски.

„Јас споменав да разговараме и за Бадентерот, споменав да разговараме и за Балансерот, да разговараме за намалување на тој праг од 20% на 5, на 10, 15%, ако сакаме да бидеме навистина граѓанско општество, па и Турците, и Бошњаците и Ромите да можат во општините каде што се повеќе од тие проценти да зборуваат на својот мајчин јазик, бидејќи суштината на Рамковниот договор е таа. Суштината на Рамковниот договор е да го покаже мултиетничкиот карактер на Македонија, а не да ја направи Македонија бинационална држава, за тоа сме против“.

Можете да прочитате

Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Ана Михајлов нова в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Богојески разрешен