Утрински Весник
Свет

Притвор за Бразилка за шверц на дрога во Хрватска, проголтала 117 капсули кокаин

Притвор за Бразилка за шверц на дрога во Хрватска, проголтала 117 капсули кокаин
300x250 (7)

Бразилката (45-годишна) што беше уапсена на аеродромот во Загреб за шверц на кокаин доби едномесечен истражен затвор во Жупанискиот суд во Велика Горица. Поради опасност од бегство, одредена ѝ е мерка притвор.
Таа се бранеше со молчење пред органите на прогонот, а како што пишува „Јутарњи“, се решила на тој чекор бидејќи е сиромашна. Иако сè уште не го променила полот, на суд се изјаснила како жена и соодветно ќе биде сместена во женското одделение во „Реметинац“.

dobivaj vesti na viber

Хрватската полиција вчера пишуваше во својот извештај како за 45-годишниот маж.

Ss1

„Четириесет и петгодишен Бразилец е предаден на надзорникот на притвор поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и трговија со дрога, односно дека проголтал 117 капсули полни со 1.170 грама дрога кокаин во Бразил со цел тие да се прошверцуваат во Хрватска“, објави вчера ПУЗ.

„Откако проголтал 117 капсули полни со 1.170 грама дрога кокаин во неодреден ден во Бразил за да ги прошверцува во Хрватска, на 29 октомври пристигнал во Хрватска, на аеродромот во Загреб, со лет од Сао Пауло преку Лисабон“, напиша вчера хрватската полиција.

Ss1

Можете да прочитате

Шестмина загинати во украински напад со дронови врз рускиот регион Белгород

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател