Утрински Весник
Спорт

Катар плаќа навивачи за позитивни коментари на социјалните мрежи пред Мундијалот

Катар плаќа навивачи за позитивни коментари на социјалните мрежи пред Мундијалот

Организаторите на Светското првенство во Катар плаќаат групи навивачи да пристигнат на големиот турнир, и за возврат само бараат позитивн коментари на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Врховниот комитет за остварување (СЦ) на Катар ја потврди политиката на поканување на групи навивачи за завршниот турнир како гости, откако првично холандската ТВ-мрежа „НОС“ објави дека 50 холандски фанови ќе добијат билети и платен престој за Мундијалот. Навивачите за возврат ќе потпишат „кодд на однесување“ за оставање на позитивни коментари за турнирот на социјалните мрежи и пријавување на „навредливи и деградирачки“ коментари.

„Пред стартот на турнирот, ги поканивме нашите најактивни лидери на фановите лично да пријават мала група на навивачи кои ќе бидат наши гости, како благодарност за соработката“, се вели во соопштението на СЦ, кои објаснуваат дека нивната програма на лидери на фановите опфаќа околу 400 фанови и инфлуенсери од 60 земји.

Белгиските и француските медиуми исто така објавија дека и во нивните земји има вакви „избрани“ фанови кои ќе добијат бесплатен пат на Мундијалот.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ