Утрински Весник
Македонија

Скопјанец ја вознемирувал поранешната девојка, при приведувањето мајка му ги попречувала полицајците

Кривична пријава против полицаец кој истепал приведено лице

Денеска во раните утрински часови во 03.20 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Г.В.(41) од Скопје, затоа што околу 02.45 часот ја вознемирувал неговата поранешна 26-годишна девојка од радовишко село.

dobivaj vesti na viber

При приведувањето, неговата мајка Л.В.(75) од Скопје се однесувала агресивно и ги попречувала полициските службеници во вршење на службеното дејствие.

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец