Утрински Весник
Култура

Mинистерство за култура: Предлог-законот е кај синдикатите, се очекуваат нивните забелешки

Mинистерство за култура: Предлог-законот е кај синдикатите, се очекуваат нивните забелешки

Во врска со денешната прес-конференција на СКРМ на која беа изречени ставови дека не се вклучени или дека се доцна вклучени во изработката на нов Закон за културата, Министерството за култура информира дека Предлогот на закон за остварување на јавниот интерес во културата, кој беше доставен до Собранието во јануари 2020 година, поради многубројните забелешки изнесени и на самата расправа за Предлогот во Собранието во април 2022 година, беше повлечен од натамашна постапка за донесување.

dobivaj vesti na viber

Од министерството појаснуваат дека со оглед на тоа што културата е исклучително комплексна и хетерогена и допира интереси на институционално и вонинституционално остварување, Министерството одлучило новата нацрт-верзија на Законот да биде изработувана во инклузивен и партиципативен процес кој ќе ги вклучува сите засегнати страни. Во тој контекст, велат од Министерството, една работна група изработи нацрт-верзија во која беа вклучени претставници од установите и од невладиниот сектор. Оваа првична нацрт-верзија е доставена на мислење до СОНК и до СКРМ.

„Предлогот е испратен до СКРМ на 28 октомври 2022 година, откако беше усогласен Записникот од средбата со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, одржана на 14 октомври. Текстот е испратен до репрезентативните синдикати со барање да достават мислења и забелешки до 8 ноември 2022 година. Во следниот период ќе се работи на оваа нацрт-верзија во согласност со предлозите, забелешките и мислењата на синдикатите. Временскиот период не е лимитиран и откако текстот ќе биде усогласен со синдикатите, ќе започне постапка за широка јавна дебата“, велат од Министерството за култура.

Министерството верува дека синдикатите, со своето учество во изготвувањето на долгоочекуваниот нов Закон за културата, ќе дадат квалитетен придонес за уредување во оваа сфера и ќе придонесат за донесување нов, современ, европски Закон за културата.

„Репрезентативните синдикати во културата остануваат партнер на Министерството за култура, како и досега, преку нивна партиципација во сите процеси во културата, како што е донесувањето на закони, на буџет, на Колективниот договор. Посветено работиме на унапредување на синдикалните права во културата, што, уверени сме, ќе донесе и нов програмски квалитет во оваа област“, наведе Министерството за култура.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“