Утрински Весник
Економија

Со Златен Даб наздравуваме за машкото здравје

Прилепска Пиварница, со својот бренд Златен Даб, се приклучува кон глобалното движење за подигнување на свесноста за поголема (редовна) грижа за машкото здравје, преку спроведување на кампањата „Мовембер – На здравје, за машкото здравје“.

dobivaj vesti na viber

Комуникацијата за кампањата „Мовембер“ преку специјално дизајнирани етикети на стаклените шишиња Златен Даб директно ќе ја таргетира машката популација и ќе придонесе за подигнување на свесноста за вршење редовни прегледи и рана детекција на тешки заболувања. Во текот на кампањата Прилепска Пиварница од секое купено пиво Златен Даб во стаклена амбалажа од 0,33л и 0,5л, ќе одвојува одреден паричен износ што ќе биде наменет како донација и е предвиден да изнесува до 400.000 денари. Средствата од донацијата ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема во согласност со потребите на Универзитетската клиника за урологија во Скопје.

„Во целиот свет месецот ноември е во знакот на машката популација и се одбележува со различни активности за подигнување на свеста за две чести заболувања кај мажите, какви што се ракот на тестиси и ракот на простата, но и општо одржување на психофизичкото здравје на мажите. Симболично обележје на Мовембер се мустаќите, а нив сега можете да ги забележите на етикетите на стаклената амбалажа на Златен Даб 0,33л и 0,5л“ – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.

Прилепска Пиварница како дел од ова глобално движење поставува позитивен пример за грижа и солидарност и ја подигнува свесноста за целокупното машко здравје, апелира за редовна посета на лекар, контрола и превенција од болести.

ПР

Можете да прочитате

Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027

Левица: ДПМНЕ им создаде хаос на занаетчиите и сѐ уште ги држи во неизвесност – луѓе остануваат без здравствено, со блокирани сметки и неизвесна егзистенција

Македонија една година дел од СЕПА