Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски: На нашите деца и внуци им оставаме чист пат, Македонците не може да ги негира никој

Ковачевски: На нашите деца и внуци им оставаме чист пат, Македонците не може да ги негира никој
300x250 opst2

Македонскиот јазик го обезбедивме, се изборивме за македонскиот јазик и идентитет да бидат признаени и потврдени во ЕУ. Еднаш, засекогаш. На нашите деца и внуци им оставаме чист пат, Македонците не може да ги оспорува и негира никој, рече на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон инднината“, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

-Денеска овде стојам пред вас, во градот кој името го носи на македонскиот великан Гоце Делчев и со крената глава, гордо и достоинствено можам да кажам, вредеше. Вредеше се. После 17 години во чекалницата, започнавме преговори со ЕУ. За нас Македонците што е уште поважно започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. На нашите деца и внуци им оставаме чист пат, никој да не може повеќе да ги оспорува или негира, рече Ковачевски.

Претседалот Ковачевски потсети дека историскиот исчекор со потпишувањето на Договорот за Фронтекст со ЕУ значи издигнување на македонскиот јазик на ниво на сите јазици во Европската унија и додаде дека тоа е вистински патриотизам.

-Историски исчекор направивме, го потпишавме договорот со Фронтекс, првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички и додавки и без никакви други појаснувања. Тоа го ветив и тоа го исполнив. Македонскиот јазик го идзигнавме на исто рамниште со сите јазици во Европската унија. Ете тоа се европски вредности, тоа се вистински одлуки, тоа е вистински патриотизам. Тоа е СДСМ и се што значат овие 4 букви., рече претседателот Димитар Ковачевски на трибината „Силно и одлично кон иднината“ во Делчево.

Можете да прочитате

Подгответе се за змиско сметање на времето – ќе се стемнува пред 17 часот

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

Филипче: Премиерот да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми