Утрински Весник
Македонија

Притвор за дилери на марихуана, заедно пренесувале околу половина килограм марихуана

Притвор за дилери на марихуана, заедно пренесувале околу половина килограм марихуана
Dik 300x250 mk

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за проведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Имено двајца од осомничените, на 14 септември, на паркинг во близина на Катлановска Бања во селото Катланово, заедно заради продажба пренесувале 489,4 грама наркотична дрога – марихуана, додека третиот посредувал во продажбата на дрогата.

Полициските службеници ја откриле дрогата при преглед на автомобил на наплатната станица Сопот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против двајца од осомничените, од кои едниот требало да се наоѓа на издржување на казна затвор во затворот Идризово, меѓутоа по сторување на делото бил откриен како слободно се движи во Ресен.

Третиот осомничен, пак, посредник при продажбата на дрогата, веќе се наоѓа во притвор, откако бил лишен од слобода пред 10-тина дена во постапка на Основното јавно обвинителство Велес за друг случај на илегална продажба на марихуана.

Од 14 септември, Основното јавно обвинителство Велес води постапка и против лицето кое ја купило дрогата од тројцата осомничени и во чиј автомобил ја пронашле полицајците.​

Можете да прочитате

Со „Цитроен“ излезтале од патот, тројца повредени

Затвореник и негова пријателка со туѓа лична карта ваделе брзи кредити

Одложено судењето на екс директорот на скопскиот затвор Филип Андов – Сокол