Утрински Весник
Свет

Русија ја прошири листата со непријателски земји

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив
Dik 300x250 mk

Руската влада додаде 11 британски прекуморски територии на листата на непријатели, соопштено е денеска од владината канцеларија во Москва.

dobivaj vesti na viber

„ Уште 11 британски прекуморски територии се додадени на списокот на територии кои ги поддржаа британските санкции против Русија. Тоа се Бермуди, Британската Антарктичка Територија, Фолкландските Острови, Монтсерат, Островите Питкерн, Британската територија на Индискиот Океан, потоа Сент Хеленс, Асцензија и Тристан да Куња, потоа Јужна Џорџија и Јужните Сендвич Острови, Акротири и Декелија, Туркс и Кајокс, Кајманските Острови“, се вели во соопштението, пренесе ТАСС.

Преостанатите три територии под британска контрола – Ангвила, Британските Девствени Острови и Гибралтар – беа вклучени во списокот претходно.

„ Затоа, сите 14 британски прекуморски територии сега се на списокот на непријатели“, истакнуваат од руската влада.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија