Христијан Мицкоски е докажан лицемер, додека јавно го осудува клубот Ванчо Михајлов во Охрид, неговата партија се повикува на континуитетот на делата на Михајлов, обвини владејачката СДСМ.
„ Мицкоски лично го потврди континуитетот на Ванчо Махајлов на неодамнешнит таканаречен Симпозиум на ВМРО-ДПМНЕ, кога зборуваше и се повикуваше на континуитетот.
ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михаилов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх.
Заглавена во минатото ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди на граѓаните за иднината. Мицкоски е предводник на концептот против членство во ЕУ кој носи изолација и враќање назад“ додаваат од СДСМ.