Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Аманетот на Конески го исполнивме, македонски јазик во ЕУ, признат од сите

Потпишан е ФРОНТЕКС, првиот договор со Европската комисија на чист македонски јазик

Македонскиот јазик во ЕУ, e признат и потврден, еднаш, засекогаш на исто рамниште со сите јазици во Унијата. Со потпишувањето на договорот Фронтекс е направен историски исчекор. Тоа е првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека договорот е одобрен од сите 27 членки, на него, заедно со македонскиот јазик стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција и Бугарија.

Исполнет е сонот и аманетот на Блаже Конески, на сите дејци коишто во минатото се бореле и давале придонес за афирмацијата на македонскиот јазик.

Државата и владата на СДСМ успеаа да се изборат за македонски јазик признат и потврден од сите, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град” на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

СДСМ: Мицкоски се фотографира со криминалци

Циклонален вртлог во Македонија ни носи нови врнежи од дожд и од снег