Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Жанг: Интер не е на продажба! Ројтерс: Два инвеститори од САД подготвени за купување

Жанг: Интер не е на продажба! Ројтерс: Два инвеститори од САД подготвени за купување
Img 7972

Иако претседателот на Интер, Стивен Жанг на денешниот состанок на акционерите на клубот посочи дека „нераѕурите“ не се на продажба, новинската агеција „Ројтерс“ тврди дека веќе има два американски инвеститори кои се подготвени да го преземат Интер.

dobivaj vesti na viber

Жанг посочи дека посветеноста на семејството Сунинг е „долгорочно“ и дека „иднината на клубот никогаш не беше под сомнеж“, неодамнешните шпекулации во италијанските и американските медиуми велат дека кинеските газди се подготвени за продажба или во најлош случај влегување на нови малцински сопственици.

Според „Ројтерс“, проценката на клубот на 1.2 милијарди евра (сума за која градските ривли Милан беа продадени на „Редбрд“ неодамна) значи дека два американски инвеститори се сериозно заинтересирни за влез во клубот. Финансиските извештаи на Интер покажаа дека приходот на тимот се зголемил за 75 милиони евра за 2021/22 со заработувачка од 439.6 милиони евра, и во исто време ги намалиле загубите на 105 милиони евра во споредба со 245.6 милиони евра во 2020/21.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица