Утрински Весник
Свет

(Видео) Шеф на полицијата во Дубровник со закани до новинар: Ќе ти го скинам вратот

(Видео) Шеф на полицијата во Дубровник со закани до новинар: Ќе ти го скинам вратот

Началникот на униформираниот сектор на Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина (ФУП), Зоран Чегар, денеска се појави пред Општинскиот суд во Дубровник каде што започна неговото судење под обвинение дека за 20.000 евра го измамил Дарко Марковиќ, сопственик на агенцијата за јахти и рент а кар „Пожуре“ од Мљет, пишува Центарот за истражувачко новинарство (ЦИН), пренесува Индекс.хр.

dobivaj vesti na viber

Тој пред судот рече дека не се смета за виновен.

Новинарите на ЦИН стоеја пред судот и сакаа да го прашаат за коментар. Чегар бурно реагирал и на новинарката и рекол дека „ќе ѝ го скине вратот“.

Новинарите открија дека шефот на униформираната полиција на ФБиХ е обвинет за измама во Хрватска и затоа му се суди во Дубровник. Неговите претпоставени не знаеле што прави Чегар, а кога била објавена приказната министерот на сојузното МВР, Аљоша Чампар, најави истрага за утврдување на одговорноста на Чегар.

„Ако сето ова е вистина, тогаш мислам дека навистина е апсурдна ситуација кога човек е обвинет за измама, а тој одлучува за правата и должностите на другите полицајци“ – коментира Чампар.

Адвокатот на Чегар, Гордана Грубеша, на предлог на нејзиниот клиент, предложи судењето да биде затворено за јавноста, бидејќи тој е оштетен од медиумските извештаи. Таа рече дека може да одговара на прашања на новинари надвор од судот.

Откако новинарите на ЦИН побараа коментар од Чергар пред судот, тој реагираше бурно.

„Не дозволувај да ти го скинам вратот“, му рекол Чегар на новинарот.

Ова не е првпат Чегар да им се заканува на новинарите на ЦИН – во текот на истражувањето тој одбил да зборува во телефонски разговор, пцуејќи и заканувајќи се.

Чегар е под внатрешна истрага и му се заканува суспензија откако против него беше отворен судски процес пред судот во Дубровник, каде што беше обвинет за кривично дело измама, потврди во петокот Министерството за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина