Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Насловот на книгата на принцот Хари го подели интернетот

Насловот на книгата на принцот Хари го подели интернетот
300x250 opst2

Издавачката куќа „Пингвин рендом хаус“ соопшти дека мемоарите на принцот Хари ќе бидат објавени на 10 јануари 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Принцот Хари  книгата ја наслови  Spare („Резерва“). Од насловот е јасно дека spare се однесува на изразот the heir and the spare, односно „наследникот и резервниот“, што алудира на позицијата на принцот Хари во кралското семејство од моментот на неговото раѓање.

Веста предизвика бурни реакции на Твитер, особено поради насловот на книгата.

‘Спејр’ е погрден назив за помладиот син на британскиот крал, а тој термин го користеа многу хејтери на Хари, особено откако се повлече од кралските должности во јануари 2020 година.

Сепак, дел од будните на социјалните мрежи сметаат дека насловот на книгата е фантастичен.

„Дали Хари ја наслови својата книга резерва? Ова ќе биде доброоо“, напишаа.

„Самиот наслов ми предизвикува ежење. Тој збор го тишти цел живот. Едвај чекам да ја прочитам приказната на Хари”, коментираат други.

Некои, пак, сметаат дека насловот е одраз на неговото самосожалување. „Ова е врв на самосожалување“, пишува Џисас Енрике Росас, експерт за говор на телото.

Други воопшто не се сложуваат со претходното, и искоментираа: „Ова е култно. Совршен наслов на книгата“.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?