Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен не може да слета во Сараево поради магла

Фон дер Лајен не може да слета во Сараево поради магла

Маглата на аеродромот во Сараево го одложи најавеното пристигнување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во нејзината посета на Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Ова го потврдија за сараевскиот портал „Кликс“ од сараевскиот аеродром.

Пристигнувањето на Фон дер Лајен беше најавено за во 9 часот а според последните информации нејзиниот авион сè уште не полетал од Тирана.

Сите претходно закажани средби на Фон дер Лајен со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, претседателот на Советот на министри и дневната обиколка на автопатот Коридор 5Ц Тарчин – Иван беа одложени за еден час.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот