Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето на Фронтекс на македонски јазик, да им се извинат на граѓаните за лагите

Потпишан е ФРОНТЕКС, првиот договор со Европската комисија на чист македонски јазик

Единствено Христијан и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето со Фронтекст на македонски јазик, прв официјален договор со ЕУ на македонски јазикм со чиста формулација, без никкави фусноти. Тоа е огромен успех за македонската држава и огромен пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, секоја нивна лага за наводно загрозување и бришење на македонскиот јазик денес е демантирана, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека исто како и за членството во НАТО, Мицкоски заедно со Апасиев е единствениот кој не честиташе на потпишувањето на Фоговорот со Фронтекс. Се што кажаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се потврди дека е безобразна лага.

Нема асимилација, нема бугаризација има официјален македонски јазик во преговорите со ЕУ. Ако веќе нема нема доблест да честита за успехот на државата, Мицкоски нека смогне сили и нека им се извини на граѓаните за лагите што со месеци ги пласираше во јавноста, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа

Филипче: Кога ќе си замине оваа банда, ќе одговара за украдените народни пари

ВЛЕН: Реформите во високото образование даваат конкретни резултати