Утрински Весник
Спорт

Хамилтон: Нема да победиме оваа сезона

Хамилтон: Нема да победиме оваа сезона

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон во пресрет на трката за Големата награда на Мексико истакна дека не верува дека тој или Џорџ Расел годинава ќе победат во болидот на Мерцедес.

dobivaj vesti na viber

Британецот имаше одлична можност на трката во САД во Остин, беше лидер на седум круга до крајот, кога беше престигнат од светскиот шампион Макс Ферстапен.

„Мораме да бидеме реални. Ред Бул е убедливо најбрз цела сезона. Ништо не е сменето. Имавме можност во САД, бидејќи Перез и Леклер беа вратени неколку места. Сепак, јасно е дека дури и кога ќе згрешат, Ред Бул има болид способен да ги надополни грешките и на крајот да слави“, истакна Хамилтон.

Луис не верува дека нешто ќе се промени во следните три трки.

„Ќе направиме се за да победиме, но речиси и да нема шанси тоа да се случи. Не сме доволно брзи за да се справиме со Ред Бул. Ферстапен беше зад мене и Леклер во Остин. Успеа да го заобиколи Леклер, потоа мене и на крајот имаше повеќе од три секунди предност“, изјави Хамилтон.

Доколку не успее да победи во последните три трки тоа ќе биде прва сезона во кариерата на Хамилтон која ќе ја заврши без триумф. Британецот дебитираше во Формула 1 во 2007 година.

Следната трка во шампионатот се вози викендов во Мексико.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД