Утрински Весник
Магазин

Ријана се врати на црвениот тепих за премиерата на „Црн Пантер“

Ријана се врати на црвениот тепих за премиерата на „Црн Пантер“

Ријана ја покажа својата неверојатна фигура пет месеци по породувањето на премиерата на Black Panther: Wakanda Forever („Црн Пантер: Ваканда засекогаш“) со нејзиното момче Асап Роки во средата навечер.

dobivaj vesti na viber

Само неколку дена по најавата на долгоочекуваното музички кам-бек првпат по пет години, со песна за продолжението на „Црниот пантер“ насловена Lift Me Up, деветкратната добитничка на „Греми“ и таткото на бебето ги координираа облеките за нивното појавување на настан.

Ѕвездата ги истакна своите облини во стилски фустан, а раперот на себе има предимензионирана светло сива јакна и панталони во слична боја.

Парот, кој доби машко бебе на 13 мај, се фотографира со рацете обвиткани еден околу друг.

Можете да прочитате

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата

Стјуардесите открија едно нешто што посакуваат патниците да престанат да го прават во авионите