Утрински Весник
Магазин

„Спотифај“ ги критикува антисемитските коментари на Канје Вест, ја задржува неговата музика

„Спотифај“ ги критикува антисемитските коментари на Канје Вест, ја задржува неговата музика

Додека корпорациите ширум светот, вклучително и „Адидас АГ“ ги прекинаа врските со Канје Вест, платформата за стриминг на музика „Спотифај“ (Spotify Technology SA) соопшти дека нема да ја отстрани музиката на раперот освен ако неговата издавачка куќа не го побара тоа.

dobivaj vesti na viber

Музиката од раперот сега познат како Је не ги прекршила политиките против омраза, изјави шефот на „Спотифај“, Даниел Ек, за „Ројтерс“.

Неодамнешните антисемитски забелешки дадени од раперот „се само грозни коментари што не водат кон отстранување од Спотифај, што може да се случи само поради кршење на политиките на Спотифај, кои забрануваат говор на омраза на подкаст или снимка,“ вели Ек.

Но, ниту една од тие содржини не може да се најде на „Спотифај“.

„Тоа е всушност само негова музика, а неговата музика не ја нарушува нашата политика“, рече Ек, додавајќи: „Ова зависи од неговата издавачка куќа , дали сакаат да преземат акција или не“.

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци