Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа пораз (0-3) од соодветната селекција на Исланд во првото коло од квалификацискиот натпревар за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023 година.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, репрезентацијата на Исланд одигра одличен натпревар, успеа да ги искористи нашите грешки во одбраната и да забележи многу значајна победа во борбата за пласман во елитната рунда на квалификации.
Стрелец на два погодоци за репрезентацијата на Исланд беше Гудјонсен. Кјатарсон во 25. минута од натпреварот го отвори резултатот. Шест минути подоцна Гудјонсен погоди за зголемување на предноста на 2-0, a истиот фудбалер на почетокот на второто полувреме ги постави конечните 3-0.
Македонија: Вргов, Мемиши, Мелиќи, Јовановиќ, Велков, Димитријевски, Љубевски, Манојлов, Елмас, Алији, Ајетович;
Резерви: Али, Алиу, Дејановски, Хаџибулиќ, Коцев, Младеновски, Подрграѓа, Сековски, Стојковски;
Селектор: Вујадин Станојковиќ;
Во вториот натпревар од групата 9, Франција ја оправда фаворитската улога и славеше убедлива победа (4-0) над Луксембург.