Утрински Весник
Спорт

Тежок пораз на Денвер – Ова на Јокиќ не му се случило од почетокот на пандемијатата

Тежок пораз на Денвер –  Ова на Јокиќ не му се случило од почетокот на пандемијатата
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Само два дена откако се израмни со Вилт Чембрлен на шестото место на сите времиња и прв меѓу центрите со својот 78. трипл-дабл во кариерата, Никола Јокиќ одигра редок натпревар во кој не постигна двоцифрен учинок во ниту една категорија.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

Натпреварот во Портланд го заврши со девет поени, девет скока и девет асистенции, а Денвер загубија со 135:110. Блејзерс, второто полувреме го добија со дури 31 поен.

Screenshot

Портланд (4-0) остана единствениот непоразен тим на Западот во новата сезона.

Демијан Лилард со 31 поен беше најзаслужниот за новата победа на Блејзерси, Енферни Симонс додаде 29, Џерами Грант 21, а Јусуф Нуркиќ 13 поени и 12 скока. Најдобар стрелец на Нагетс беше Арон Гордон со 26 поени.

Јокиќ беше целосно исфрлен од ритам поради проблеми со фаули, па по 27 минути игра испрати само четири топки кон кошот. И додека во првото полувреме неговиот офанзивен учинок го надоместија соиграчите, во второто и тие застанаа.

Минатата година, неговата втора последователна МВП сезона, Јокиќ имаше само еднаш едноцифрен учинок, против Портланд, кога постигна осум поени, но забележа 18 скока и 11 асистенции.

Последен пат тој беше едноцифрен во сите три категории во 2020 година во балонот во Орландо, последниот натпревар пред плеј-офот, кога против Торонто одигра само 10 минути. Во нормални услови, тоа последен пат му се случи во март 2020 година, неколку дена пред паузата поради пандемијата, кога против Кливленд имаше осум поени, скока и асистенции.

Резултати:

Филаделфија Сиксерс – Индијана Пејсерс 120:106
Мајами Хит – Торонто Рапторс 90:98
Њујорк Никс – Орландо Меџик 115:102
Чикаго Булс – Бостон Селтикс 120:102
Хјустн Рокетс – Јуа Џез 114:108
Мемфис Гризлис – Бруклин Нетс 134:124
Минесота Тимбервулфс – Сан Антонио Спарс 106:115



Можете да прочитате

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори