Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Ковачевски има психофизички проблем кој му предизвикал трајна неспособност, може да носи погрешни одлуки
Dik 300x250 mk

Функционерите од СДС молчат, а ДКСК и институциите не реагираат, денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ 123 функционери од власта кријат имот од 30 милиони евра со месеци, а дел од нив со години и институциите не реагираат. Не може да биде системски пропуст кога 123 лица немаат пријавено имот, може да биде само системско криење.

ДКСК наместо да чека поднесок, треба да почне да си ја работи работата. Како за дезертерот Ковачевски побрзаа да го амнестираат, па потоа кога ги пушти низ вода и сам призна се, а ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка молчат. Што ќе се смени сега?

Наместо да чекаат ДКСК, но и другите институции треба да почнат да постапуваат. Законите се јасни, но очигледно со СДС на власт, тие не важат за нивните функционери.

Функционерите од власта и ДКСК имаа време да се пријават или отворат постапки. Но наместо извинување кон граѓаните и оставки тие молчат. Затоа денес во 12 часот ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изнесување на нови детали од аферата „Тајни имоти““ додаваат од партијата.

Можете да прочитате

АХВ уништи околу 37 тони небезбедна храна со поминат рок која се продавала без декларација

Три опции во игра за нов Клинички центар во Скопје

Во државава е поевтино да се облечеш, отколку да се храниш