Утрински Весник
Спорт

Унаи Емери се враќа во Премиерлигата со Астон вила!

Унаи Емери се враќа во Премиерлигата со Астон вила!

Унаи Емери се враќа во англискиот фудбал, откако поранешниот менаџер на Арсенал беше потврден како нов прв човек на Астон вила по отказот кој го доби Стивен Џерард.

dobivaj vesti na viber

Три години откако беше отпуштен од Арсенал, 50-годишниот Баскиец се враќа во Англија, откако Астон вила ја платија откупната клаузула од 5.5 милиони евра на Вилјареал, кои остануваат без тренер во незгоден момент.

„Унаи пристигнува од Вилјареал, со кои ја освои Лига Европа победувајќи ги во финалето Манчестер јунајтед во 2021 и ги однесе до полуфиналето во Лигата на шампионите минатата сезона. Искусен тренер кој работел во повеќе од 900 меча, Унаи работеше и во Арсенал, предводејќи ги до финалето на Лига Европа. Тој имаше успех и во Севилја и во Пари Сен-Жермен – со Севилја освои три титули во низа во Лиг Европа, а во Франција освои една титула и два купа“, се вели во објавата на Вила.

Вила го отпушти Џерард во четвртокот и преговараше со Маурисио Почетино, Томас Франк и Рубен Аморим од Спортинг Лисабон.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина