Утрински Весник
Македонија

СДСМ почнува со трибини: „Со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на партијата“

СДСМ почнува со трибини: „Со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на партијата“

СДСМ од утре почнува со серија граѓански трибини.

dobivaj vesti na viber

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, најави дека трибините се со цел разговори со граѓаните за мерките и политиките на СДСМ, за визијата на оваа партија и за иднината на државата.

„Мојата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет. Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ“, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.

Првата трибина ќе се одржи утре со почеток во 18.30 часот во Домот за културата во Битола каде ќе присуствува Ковачевски.

Покрај тоа, во 17 часот ќе се одржат повеќе граѓански трибини. Во Ресен ќе присуствува заменик претседателката Сања Лукаревска, Новаци со потпретседателот Стефан Богоев, Могила со потпретседателката Бисера Костадиновска и Демир Хисар со организацискиот секретар Вангел Андрески.

Можете да прочитате

Силјановска – Давкова: Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома

Морачанин си поднесе оставка од претседател на ДОМ

По повикот на Битиќи и Костадинов си поднесе оставка од СДСМ